Црна Гора ги олеснува мерките за влез во земјата за граѓани од државите во регионот

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Националното координативно тело за инфективни болести (НКТ) на Црна Гора синоќа, на предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи да ги ублажи условите за влез во земјата за жителите од регионот и на црногорските граѓани кои накратко патуваат во некоја од земјите од соседството.

Како што соопшти Институтот, како и досега, влез во Црна Гора е можен без дополнителни услови за жителите на земјите од „зелениот список”, додека жителите на земјите од „жолтиот список” можат да влезат во земјата со негативен резултат на серолошки тест – антитела на класата IgG., што го издава регистрирана лабораторија и не е постар од 30 дена.

– Жителите на сите земји од „жолтиот список “, исто така, може да влезат во Црна Гора со негативен резултат на серолошкиот тест за класата антитела на IgM или со негативен резултат на PCR тест за новиот коронавирус (SARS-CoV-2), што се издадени од регистрирана лабораторија и не се постари од 72 часа. Условот е лицето да не престојувало во некоја од земјите од „црвената листа” во период од 15 дена пред влегувањето во Црна Гора, односно во една од земјите од кои не е дозволен влез во Црна Гора, соопшти Владата на Црна Гора.

Владата соопшти и дека е олеснет влезот за црногорските државјани и странците кои трајно или привремено престојуваат во Црна Гора од земјите од регионот, во случај да престојуваат во тие земји до 48 часа.

– По враќањето во Црна Гора, на овие лица им е пропишана мерка за здравствен надзор што подразбира слободно движење, но секојдневно следење на симптомите и пријавување до надлежниот лекар до истекот на Одлуката издадена од санитарната инспекција по враќањето, се додава во соопштението на Владата во Подгорица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот