Црн ден за филипинските медиуми: На новинарка и се закануваат шест години затвор

Фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Марија Реса, главната уредничка на филипинскиот портал познат по острите критики врз претседателот Родриго Дутерте, се соочува со казна од шест години затвор, откако судот ја прогласи за виновна по обвинение за клевета.

Реса, главниот уредник на порталот Раплер и бивша новинарка на Си-Ен-Ен, е обвинета за сајбер клевета заради текст од 2012 година, во кој еден бизнисмен е поврзан со незаконски активности.

Откако ја прочитала пресудата, судијката Рајнелда Естасио Монтеса рекла дека на Реси, која има американско државјанство, и се заканува шест години затвор, пренесува Ројтерс.

Реса изјавила дека пресудата за нејзе е поразителна, бидејќи покажува дека вработени во Раплер згрешиле.

Во истиот случај прогласен е за виновен и бившиот новинар на порталот, Рејналдо Сантон.

– Ова е црн ден не само за независноста на медиумите на Филипините, туку и за сите Филипинци. Пресудата во суштина ја убива слободата на говорот и на медиумите, соопштија од Националното здружение на новинарите.

Бизнисменот Вилфредо Кенг бил главната тема на текстот на Раплер од 2012 година, кој е ажуриран во 2014, а во кој се поврзува со незаконски активности на основа на информации од извештаи на неименувана разузнавачка служба.

Кенг во тужбата навел дека во приказната имало „злонамерни лажни наводи за злосторства, пороци и предавства“.

На Раплер во 2018 година му била укината дозволата за работа заради наводно кршење на правилата за странско сопствеништво, а во тек е и процес во врска со избегнување на плаќање на даноци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот