Ципрас: Без Договорот од Преспа ќе имавме нестабилни соседи

Алексис Ципрас, Фото: Profimedia

Договорот од Преспа е корисен за земјата, патриотски, корисен за народите во регионот кои треба да живеат во мир и перспектива, суштината е дека постигнавме нешто историско за Балканот и за земјата, рече лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас за време на неговото учество на Делфи економскиот форум кое го следеше во живо и премиерот Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина.

– Клучно е, во нашето соседство да имаме сојузник, а не непријател. Со оглед на тоа дека тука е господинот Заев, ќе кажам дека овој договор, ја промени играта на Балканот, ја промени играта во позитивна насока. Без овој договор и без европската перспектива и за Северна Македонија, која се стабилизираше како земја и за Албанија, имам чувство дека ќе имавме многу нестабилни соседи. На нашата северна граница ќе имаше нестабилност како онаа што ја гледаме во Либија, а можеби и трети земји ќе беа активни таму, а можеби и Турција ќе играше улога – истакна Ципрас и додаде вредела политичката цена што ја презеле.

За време на посетата на Атина, претседателот на Владата на Северна Македонија ќе се сретне и со лидерот на СИРИЗА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот