Цените на маските во Словенија пораснале за 15 пати

Повеќе приватни компании веќе почнаа масовно производство на заштитна опрема, а словенечката Влада најави дека во идниот период во земјата треба да пристигнат огромни количини маски и заштитна медицинска опрема.

Ако една заштитна хируршка маска пред почетокот на пандемијата со корона вирусот се продаваше за три до пет центи, сега истите чинат 35 до 70 центи што е зголемување за дури 15 пати. Ваквото истражување го спровела словенската телевизија „ПОП ТВ“.

Во истражувањето се додава дека сега набавната цена на маските изнесува 50 центи, за транспорт од кина се плаќаат уште 7 центи.

Ваквиот след на настаните доаѓа како последица на огромната побарувачка. За тоа говори и податокот дека само Универзитетската клиника  во Љубљана има дневна потреба од 20 илјади вакви маски.

Повеќе приватни компании веќе почнаа масовно производство на заштитна опрема, а словенечката Влада најави дека во идниот период во земјата треба да пристигнат огромни количини маски и заштитна медицинска опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот