Царовска: Процентот на матуранти кои бојктотираат не е 70 отсто, над 14.000 ученици се подготвуваат за полагање

Над 14.000 ученици запишаа државна матура, тоа укажува дека сакаат да полагаат, а Владата на Република Северна Македонија има задолжение да им организира матура која потоа е основ за запишување во високото образование, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска, на новинарско прашање за бојктотот на матурантите. 

Царовска истакна дека не е точно оти 70 отсто од учениците ја бојкотираат наставата, како и дека наставниците се тие кои треба да им укажат на обврските кои мораат да ги почитуваат.

– Процентот не е 70 отсто, 14.000 уеници се подготвуваат за полагање. Наставниците и директорите укажуваат на законските обврски кои ги имаат да ги испочитуваат. Часовите во континуитет се држат макар и за еден или двајца ученици – додаде Царовска. 

Средношколски сојуз: Не се залагаме за откажување на матурата, туку за изменување и затоа бојкотот не е неоправдан

Матуранти од повеќе градови утринава со целосен бојкот на наставата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот