Матуранти од повеќе градови утринава со целосен бојкот на наставата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Второто полугодие се уште не е почнато за најголем дел од матурантите, тврди средношколскиот сојуз, откако не им беа остварени барањата да полагаат два наместо четири предмети од државната матура поради наставата во пандемиски услови.  Сојузот на средношколци уште од синоќа најави дека бојкотот, кој почна во четвртокот, ќе продолжи и денеска.

„Во четвртокот (21 јануари) бојкотираа 78 отсто од матурантите, а во петокот (22 јануари) 71 отсто. Бојкотот на наставата продолжува и во понеделник. Ги повикуваме сите матуранти да се придружат кон отпорот. Нашите барања се разумни и поддржани со меѓународни примери – нема да се откажаме додека не ги оствариме!“, соопшти Сојузот на средношколци.

Утринава, лидерот на Сојузот, Бленди Ходаи, за „Слободен печат“ посочи неколку градови во кои матурантите целосно ја бојкотираат наставата.

– Сега засега имаме информации само од Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Прилеп и Битола дека матурантите бојкотираат целосно. Скопје делумно, а Велес не бојкотира – вели Ходаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот