Царовска: Гази Баба наскоро ќе добие нова градинка

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, придружувана од градоначалникот на Општина Гази Баба денеска беше на маалска средба со граѓаните на населеното место Јурумлери, општина Гази Баба.

Пред граѓаните, Царовска порача дека Гази Баба наскоро ќе добие нова градинка, а преку инвестирањето во нови објекти на градинки, опфатот на деца во градинките ќе порасне на 50 отсто.

– Владата предводена од СДСМ постојано инвестира во проширување на капацитетите на детските градинки и зајакнување на кадарот во градинките. Сето тоа е со цел да се врати достоинството на воспитувачите да се зголемуваат платите, како и да се подобруваат условите за работа, но и да се зголеми опфатот на деца во градинките, порача потпретседателката Царовска.

Царовска истакна дека преку успешните економски политики позитивно се влијае на зголемување на просечната плата.

– Податоците на Државниот завод за статистика кои излегоа неодамна и според кои просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019 година, изнесува 25 205 денари се потврда дека СДСМ дава напори да го реализира ветеното пред граѓаните. Покрај зголемувањето на платите, преку субвенциите за земјоделците, повратот на дел од Данокот на додадена вредност за граѓаните, намалувањето на ДДВ за парно греење и зголемената финансиска поддршка за отворање на нови фирми парите ги насочуваме директно кон граѓаните, истакна Царовска.

СДСМ ги реализира потребите на граѓаните и се менува во нивен интерес. Маалските средби како нов концепт на делување на СДСМ продолжуваат и во следниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот