Цапар: Се враќам во македонскиот фудбал!
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука Драган Канатларовски – Цапар да биде назначен за селектор на македонската репрезентација во младински категории.
После 12 години му се враќа на македонскиот фудбал и среќен што заеднички со луѓето од Федерацијата имаат прилика да дадат придонес во развојот на еден од најбитните сегменти од фудбалот, а тоа е младинскиот фудбал и неговиот напредок.
Благодарен и што раководството на федерацијата и претседателот Сејдини придонесоа „Куќата на фудбалот“ да ја чувствува како своја.
– Можеби за некои моето назначување за селектор на македонската репрезентација до 15 години е изненадувачки, но сите кои ме познаваат, знаат дека јас сум во фудбалот поради фудбалот, а не заради функциите. Желба ми беше да имам своја академија каде што ќе можам да го пренесам знаењето на младите фудбалери, а овој чекор во мојата кариера е предизвик и за мене да се потрудиме да постигнеме едно повисоко ниво во работата со младите категории. Сигурен сум дека со ова најмногу ќе добијат младите фудбалери – вели Канатларовски.