ЦУК: Спасено лице што паднало во бунар во Долнени

Фотографија МИА

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп синоќа со три пожарникари извлекле лице што паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени, објави Регионалниот ЦУК од Битола.

– Лицето било живо, но повредено и со возило на Итна помош е пренесено во болницата во Прилеп. За природата на повредите нема податоци, но важно било дека било живо и дека можеле да го извлекуваат од бунарот за да го спасат. Заради студеното време и намалувањето на температурата ноќе, иако бил на заветрина во јамата, е опасно да се биде неподвижен надвор – се наведува во соопштението.

Противпожарната единица од Прилеп во саботата интервенирале на пожар на отворено, гаснеле заплена ниска вегетација во близина на месноста „Одпад Даскало“.

Пожарникарите од ППЕ Битола интервенирале на запален оџак на ул. „Партизанска“ бр. 112, а во Охрид со три возила и седум пожарникари било интервенирано на запалена напуштена стара куќа во с. Д.Лакочереј. Пожарникарите од Кочани имале една помaла интервенција на запален електричен кабел во населбата „Калиманова Глава“.

Од сите повици на Единствениот број за итни случаи 112, дури 55,34 проценти биле префрлени кон полицијата, кон Итната медицинска помош 35,60 проценти, кон пожарникарите 2,91 проценти, кон ЦУК 5,83 проценти, а кон АМСМ 0,32 проценти од повиците од 112 во ЦУК. Од вкупно 1.980 повици, „реални“ биле 38,38 проценти, а „неитни“ биле 61,62 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот