Чурлинов постигна гол во стилот на Златан Ибрахимовиќ! (ВИДЕО)

фото: твитер

Нашиот интернационалец и на тренинзите со новиот клуб го покажува својот потенцијал, желба за надигрување и секако постигнување на нови голови.

Македонската фудбалска надеж моментно тренира со соиграчите од Штутгарт пред можното продолжување на сезоната.

Одлуката за рестартирање на германскиот фудбал би требало да се донесе в среда (6 мај), а клубовите веќе ја темпираат формата за останатите дуели од сезоната 2019/2020/

Потсетување дека нашиот млад репрезентативец Дарко Чурлинов на почетокот од годината од редовите на Келн се пресели во второлигашот Штутгарт.

Нашиот интернационалец и на тренинзите со новиот клуб го покажува својот потенцијал, желба за надигрување и секако постигнување на нови голови.

А нов доаѓа токму од тренинзите на Штутгарт, после еден центар шут, како во стилот на Златан Ибрахимовиќ, т.н. „Скорпија“, успеа да реализира погодок, голманот можеше да ја гледа топката како влегува во мрежата.

До прекинот на сезоната Штутгарт се наоѓаше на второто место со 45 бодови, шест помалку од лидерот Арминија Билефилд, третопласиран е Хамбургер со 44 бодови, а на четвртото место Хајденхајм (41).

Штутгарт се наоѓа во трка за враќање во Бундеслигата, првите две позиции од втората германска лига водат директно во елитата, а третопласираниот носи плеј-оф.

Покрај минутажата во контролните мечеви, Чурлинов веќе има официјални настапи за Штутгарт во втората Бундеслига против екипите на Гројтерфурт и Јан Регенсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот