Чулев: Стратешката определба на МВР е да обезбеди највисоко ниво на безбедност на овие избори

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денес оствари работна посета на полициското одделение Јегуновце кое е во состав на ПС Тетово, при Секторот за внатрешни работи Тетово. При работната посета министерот Чулев оствари работна средба со раководството на полициското одделение.

Од страна на раководството Министерот Чулев беше информиран дека полициските службеници преземаат мерки за контрола на лицата кои се наоѓаат во изолација поради пандемијата од ковид19. Од нивна страна беше потенцирано дека општина Јегуновце е подрачје со висок степен на безбедност што подразбира ниска стапка на криминалитет и мал број прекршоци од областа на јавниот ред и мир.

Полициското одделение Јегуновце функционира во нови простории кои се изградени од страна на Министерството за внатрешни работи, но инвестирањето во материјално – технички средства и кадровски потенцијал треба да биде приоритет во наредниот период.

Парламентарните избори беа во фокусот на денешната работна средба при што од страна на раководството во полициското одделение беше потенцирано дека активно се преземаат сите оперативни мерки во насока на нивно обебезбедување.

Во таа насока Министерот Чулев потенцираше дека од страна на Министерството за внатрешни работи ќе бидат преземени потребните мерки за соодветно распоредување на полициските службеници, во насока на обезбедување на максимална покриеност на територијата на целата држава. Тој уште еднаш ги повика полициските службеници да постапуваат во согласност со законите и да го дадат својот придонес во организирањето на фер и демократски избори.

-Стратешката определба на Министерството за внатрешни работи е да обезбеди највисоко ниво на безбедност на овие избори. Јас како министер ги преземам сите неопходни активности со кои ќе се овозозможи ова. Нулта толеранција на изборните нерегуларности и на сите видови притисоци и поткуп врз гласачите е дел од таа стратешка определба на која треба сите заеднички да работиме. Граѓаните треба да бидат сигурни дека овие избори ќе бидат фер и демократски и тоа треба да биде причина тие масовно да излезат и да го исполнат своето гласачко право, заклучи Чулев во своето обраќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот