Човекот кој го откри Роналдо: Имав проблеми во Португалија бидејќи го споредив со две фудбалски божества

Ласло Болоњи открива како му даде шанса на Кристијано Роналдо во првиот тим на Спортинг и што виде во него.

Кристијано Роналдо уште како тинејџер влезе во сениорскиот фудбал и тоа во дресот на Спортинг Лисабон. Прв негов тренер во сениорска конкуренција му беше славниот романски фудбалер, репрезентативец, селектор и тренер, Ласло Болоњи кој за „Марка“ се потсетува на работата со тогаш екстра талентираниот Роналдо.

– Ја следев младата екипа и му реков да дојде да тренира со првиот тим бидејќи имаше добри физички предиспозиции, беше многу брз и одличен техничар. Кога го видов во акција, одлучив дека Роналдо нема да се враќа во младинскиот тим. Во соблекувалната постојано беше насмеан и се шегуваше, но на теренот беше фантастичен. Имаше стабилност и искуство какво што не е нормално за некое 17-годишно момче – започнува да раскажува Болоњи за Кристијано Роналдо.

Болоњи во првиот тим го приклучи Роналдо и му ја довери позиција на напаѓач, но малку подоцна го тргна од таа позиција и го постави на крило од каде Португалецот го покори фудбалскиот свет.

– На почетокот играше како класична „деветка“, но го преместив на крилната позиција бидејќи беше млад и лесен со околу 60. килограми, па ќе му беше многу тешко да игра со стопери и дефанзивци од 100 килограми. Со својата брзина и фантастичниот дриблинг, беше поефикасен на крилната позиција. Му беше тешко на почетокот, бидејќи најважни за него беа дриблинзите. Мојата задача беше да му објаснам дека е важно да исфрли од игра еден или двајца противници, а не сите пет. Со тек на времето и со помош на неговата интелигенција, Роналдо го пронајде вистинскиот пат – додава Болоњи кој смета дека ја направил вистинската работа бидејќи и менаџерот на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, го форсираше на таа позиција.

– Сега е поинаков играч, оди во нападот, но кај Фергусон токму как крило ја освои првата Златна топка во 2008 година. Се сеќавам дека ме повика на церемонијата и ми се заблагодари. Тоа беше фантастично.

Колку славниот Романец веруваше во квалитетите најдобро ги отсликуваат неговите зборови кога прави споредба со двете најголеми фудбалски легенди во Португалија, Луис Фиго и Еузебио.

– За мене неговите успеси не се изненадување. Не знаев дека ќе биде најдобар во историјата, но уште тогаш во интервјуата велев дека ќе го надмине Фиго, па дури и Еузебио. Имав проблеми воПортугалија поради тие зборови бидејќи за нив имаше само два фудбалски бога, а јас ги споредив со едно младо момче. Сепак, Роналдо покажа дека бев во право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот