Членови на нарко картел преку тунел избегаа од затвор

Фото: technoea.com

Министерката за правда, Сесилија Перес, за новинарите изјави, дека покрај управникот на затворот, отпуштени се и уште шест затворски службеници.

Близу осумдесет затвореници, повеќето од нив членови на озлогласена бразилска криминална група избегале од затвор во пограничен град во Парагвај. Веднаш е сменет управникот на затворот.

Службени лица соопштуваат дека е откриен е тунел, кој затворениците го ископале за време на операцијата за кој се сомнева дека затворските службеници знаеле, како и дека во ќелиите биле пронајдени скоро 200 вреќи полни со земја.

-Невозможное никој ништо да не видел целото тоа време. Ова не се случило за еден ден или една ноќ- изјавила министерката за правда, Сесилија Перес, пренесе „АП“.

Перес за новинарите изјави, дека покрај управникот на затворот, отпуштени се и уште шест затворски службеници, пренесе „Ројтерс“.

Министерот за внатрешни работи Еуклидес Акведо соопштил дека е можно тунелот да служел како мамка за да се покрие вмешаноста на затворските службеници, како и дека е можно на многу затвореници да им е дозволено да излезат од затворот преку главната капија.

Акведо рекол и дека поголем број од побегнатите затвореници биле членови на озогласена бразилска криминална организација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот