“Чкембарите” ќе се вратат на трибините кога управата ќе им се извини

„Чкембари“

Расколот помеѓу Управата на Еурофарм Пелистер и навивачката група “чкембари” продолжува.

Тие како што рекоа ги бојкотираат сите натпревари на клубот. Дека за таквата одлука се цврсто определени покажаа деновиве кога не присуствуваа на натпреварот од СЕХА лигата со екипата на Татран Прешов.

И покрај апелот на тренерот Александар Јовиќ, “чкембарите” да ги поддржат “фармацевтите” во натпреварот со Татран Прешов првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата, “ чкембарите” останаа цврсто на одлуката повеќе  организирано да не го поддржуваат Еурофарм Пелистер  во оваа сезона.

“Чкембарите” по инцидентот во дербито со Вардар 1961 во Скопје и дистанцирењето на Управата на клубот од дел од навивачката група одлучија повеќе да не ги бодрат ракометарите на Еурофарм Пелистер на натпреварите.

На прашањето на дописникот на  Слободен печат кога “чкембарите” ќе се смират со Управата на клубот, тие денеска кусо  ни одговорија:

За нас  ракометната сезона е завршена. Ние по дербито во Скопје против Вардар 1961, кога Управата на клубот избрза и без да не сослуша се огради од нас нарекувајќи не  хулигани, пијаници и дрогаши одлучивме  повеќе да не присуствуваме на натпреварите на Пелистер.

До помирување може да дојде само  доколку раководството на клубот ни се извини за изречените навреди, велат од навивачката  група “чкембари”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот