Чистејќи го службениот пиштол ненамерно ја ранил гостинката од Америка

Огнено оружје фото Архива

Американка со прострелни рани е пренесена во кумановската болница, откако несакајќи била ранета со службен пиштол од својот роднина.

– На 12.08.2021 година во 13.08 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Општа болница Куманово била донесена Г.Т.(40) од САД со повреди од огнено оружје. По преземени мерки и извршени разговори дојдено е до сознание дека нејзин роднина Ш.М.(30) од с.Оризаре, општина Липково, додека го чистел службениот пиштол, ненамерно испукал куршум и ја повредил, соопшти МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот