Чилеанците открија зошто Биелса го нарекуваат „Лудак“!

фото: твитер

Познат по своите ексцентрични настапи во и надвор од фудбалскиот терен, а за тоа сведочат поранешните играчи Марко Гонсалес и Хозе Педро Фуенсалида.

Марсело Биелса е еден од најекстравагантните фудбалски тренери, моментно го води Лидс и заедно со македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ќе се обидат сезоната преку Чемпионшип да обезбедат учество во Премиер лигата.

Поради специфичното однесување, го доби и прекарот „Ел Локо“, односно „Лудак“. Познат по своите ексцентрични настапи во и надвор од фудбалскиот терен, а за тоа сведочат поранешните играчи Марко Гонсалес и Хозе Педро Фуенсалида.

И двајцата беа членови на репрезентацијата на Чиле во периодот од 2007-2011 година кога Биелса беше селектор на таа јужноамериканска селекција.

– Му беше многу топло, влезе во соблекувалната и одеше горе-долу. Беше во празна соблекувална покрај нашата за играчи. Влеговме во таа соблекувална, а тој целосно гол лежеше на масата, така околу 30 минути, изгледаше како некој да го оперира – рече Гонсалес за чилеанското тв шоу „Абразо де ГОЛ“.

Сепак, ова не беше единствената нудистичка „изведба“ на Биелса.

– Мене исто така ми се случи неколку пати. Загубивме од Италија, дури и влезе во конфликт со нивниот селектор. Тој отиде во соблекувалната, беше многу нервозен, лудо шеташе и ја соблекуваше сета облека – беа зборовите на Фуенсалида.

Без оглед на бизарните моменти, му помогна на Чиле да стигне до СП во 2010 година во Јужна Африка.

За среќа, шефот на Лидс ја задржа облеката после израмнувачкиот гол Лиам Купер преку кој се спаси од пораз против Брентфорд во последното коло од Чемпионшип.

За време на неговата кариера, тој беше тренер на Њуелс Олд Бојс, Велез Сарсфилд, Еспањол, Атлетик Билбао, Марсеј, Лацио и Лил, и селектор на Аргентина 1998-2004 година.

Како играч беше дефанзивец, но само пет години беше професионалец без позабележителен учинок во Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот