Четворица мртви во напад на бомбаш самоубиец во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија војска/ Фото EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Четири лица се повредени откако во средата во градот Џеда во западниот дел на Саудиска Арабија едно машко лице го активирал експлозивниот појас што го имал на себе, соопштија денеска безбедносните власти.

Лицето се разнело откако властите се обиделе да го уапсат, пренесува Анадолија.

„Еден од најбараните луѓе (Абдулах Ал-Бакри) следен е ноќта во средата, а при обид да се уапси, тој одлучи да се разнесе со експлозивен појас”, се наведува во соопштението на Претседателството за државна безбедност на Кралството, објавено од саудиската новинска агенција.

Во инцидентот загина бараното лице, а од четворицата повредени, тројца се припадници на обезбедување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот