Четворица Кинези убиени на фарма за марихуана во САД

фото: EРА, Gerard Damoiseaux

Во американската држава Оклахома уапсен е осомничен за убиство на четворица кинески државјани, што се случи во неделата на фарма за марихуана. Локалната полиција извести дека се сомнева дека убиецот е 45-годишниот Ву Чен.

Телата биле пронајдени откако полицијата добила дојава за вонредна заложничка ситуација во близина на градот Хенеси. Според полицијата, вооружениот напаѓач влегол во зграда на имотот додека внатре биле „неколку вработени“. Тој остана „во таа зграда подолг временски период пред да започнат егзекуциите“, објави истражното биро за државата Оклахома.

Меѓу жртвите има тројца мажи и една жена. Петтата жртва, исто така кинески државјанин, е пренесена во болница со хеликоптер. Семејствата на жртвите сè уште не се известени поради „значајна јазична бариера“, соопшти полицијата.

Осомничениот бил уапсен во вторникот во Мајами, користејќи автоматизиран читач на регистарски таблички на автомобилот. „Не знам дали се во роднинска врска или соработници, но сигурно овие луѓе се познавале“, изјавија за АП од Државното истражно биро на Оклахома.

Медицинскиот канабис е легален во Оклахома, но не е јасно дали фармата била лиценцирана или нелегална. Индустријата за медицинска марихуана порасна во Оклахома откако гласачите таму ја легализираа нејзината употреба во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот