Червар повеќе нема да ја води Хрватска

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Лино Червар по поразот од Шпанија, изјави дека повеќе нема да ја предводи Хрватска на големите натпреварувања.

– Благодарен сум за сите медали кои ги освоив и не можам да се жалам за ништо. Можам со гордост да гледам на мојата кариера. Балгодарен сум на сите играчи кои ги предводев и на сите помошници. Јас повеќе нема да ја предводам Хрватска на Европско или Светско првенство.

Им честитам на моите ракометари за тоа како одиграа на целото првенство. Крваво го заработивме ова финале, немам никакви замерки за нив бидејќи за златото ни требаше нешто повеќе. Шпанците се искусни ракометари кои ја чуваат топката, имаат долги напади, а и голманот им беше одличен – изјави Червар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот