Чемпионшип: Дерби му го „расипа“ јубилејот на Алиоски! (ВИДЕО)

twitter.com/MoscowhiteTSB

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го имаше својот 100 јубилеен настап во дресот на Лидс на стадионот „Иланд роуд“, а беше многу блиску истиот пред своите верни навивачи да го прослави со триумф.

Денеска на стартот од осмото коло во англискиот шампионат Лидс не ја оправда фаворитската улога на домашен терен против Дерби.

Во 20 минута од средбата домаќините водеа со 1:0 благодарение на автоголот на Лав, а предноста можеше да биде зголемена во вториот дел. Но, полскиот интернационалец Клих во 69 минута од средбата не успеа да биде прецизен од белата точка.

Гостите во самиот финиш од средбата дојдоа до реми, односно во домашната мрежа стрелаше Мартин (90+2).

Алиоски го одигра целиот меч за Лидс кој останува на врвот на табелата со 18 бодови, но сега само еден повеќе од второпласиораниот Свонси кој има меч на гости кај Бристол сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот