Челси дефинитивно ќе купува нов напаѓач, изборот падна на Левандовски

Роберт Левандовски /Фото: EPA-EFE/Sebastian Widmanno

„Сините“ имаат проблеми со реализацијата цела сезона па затоа менаџерот Томас Тухел одлучи да ги реши овие проблеми со најдобриот напаѓач на светот.

Челси е на добар пат да игра во Лигата на шампионите следната сезона, ќе игра во финалето на елитното клупско првенство иако пред неколку месеци екипата беше далеку од овие успеси.
Но, со доаѓањето на клупата на Томас Тухел, работите се сменија и Челси во последното коло во Премиер лигата влегува од третото место и со евентуална победа над Астон Вила ќе игра во ЛШ, а доколку евентуално не успее да слави во Бирминген, тогаш ќе има шанса за поправен во финалето на ЛШ кое се игра на 29 мај.

Додека се подготвуваат за финишот од сезоната, „сините“ исто така се подготвуваат и за летниот преоден рок каде фокусот ќе биде на нападот. Според Скај Германија, прва мета на Челси и напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.

Неверојатниот полски репрезентативец оваа сезона настапи на 39 натпревари во сите конкуренции и постигна дури 47 голови и притоа имаше уште девет асистенции.  Иако во август ќе наполни 33 години, Левандовски сè уште игра фантастично и Тухел во него го гледа идеалното решение за пролбемите со реализацијата.
Тухел е разочаран од игрите на своите напаѓачи, Тимо Вернер, Тами Абрахам и Оливие Жиру, тие сите тројца заедно постигнаа 35 гола во сите натпреварувања.
Челси е подготвен да издвои 60 милиони евра за Левандовски кој јавно изјави дека сака нов предизвик во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот