Чарлс Трети: Обединетото Кралство и Германија стојат покрај Украина во одбрана на нејзината слобода од руската агресија

Британскиот крал Чарлс Трети синоќа на свечената вечера во Берлин рече дека Обединетото Кралство и Германија стојат покрај „Украина“ во одбрана на нејзината „слобода“ од руската агресија и дека ќе направат се што можат за да го зајакнат англо-германското пријателство.

„Заедно стоиме во заштитата и унпаредувањето на демократските вредности што ги делиме. Заедно сме со Украина во одбрана на нејзината слобода и суверенитет од агресијата, рече Чарлс Трети во говорот на свечената вечера во Берлин на првиот ден од неговата посета на Германија.

Тој рече дека е подготвен да „направи се што може“ за време на неговото владеење за да ги зајакне врските на Обединетото Кралство со Германија, неговата прва дестинација во странство откако стана британски суверен.

„Односите меѓу Германија и Обединетото Кралство ми се многу важни… И можам само да ви потврдам дека во текот на моето владеење ќе дадам се од себе за да ги зајакнам врските меѓу нас“, рече Чарлс Трети на вечерата организирана за него во резиденцијата на германскиот претседател во Берлин.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој беше домаќин на вечерта во неговата резиденција во замокот Белви, во својот говор ја изрази и силата на англо-германското пријателство. Тој им се заблагодари на Германците за нивните „трогателни пораки за поддршка и сочувство“ по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора во септември.

Кралот, исто така, се заблагодари на Германија за прифаќањето на повеќе од еден милион бегалци од Украина, „што толку силно ја покажува дарежливоста на духот на германскиот народ“. Британскиот суверен ја посети Германија четириесет пати пред да стане крал, а неговиот говор беше делумно на германски, а делумно на англиски, посочува ДПА.

Ова е прва посета на кралот Чарлс Трети во странство. Како прва дестинација беше планирана Франција, но посетата беше одложена поради немирите кои изминативе денови ја потресоа оваа земја во која се одржуваат протести против пензиските реформи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот