Чак Норис ѝ го честиташе 100-тиот роденден на неговата мајка: Те сакам, мамо!

epa-efe
epa06569403 US actor Chuck Norris attends an event of a Colombian beer brand in Cartagena de Indias, Colombia, 27 February 2018. EPA-EFE/Ricardo Maldonado Rozo

Кариерата на Чак Норис несомнено ја обележа неговата улога во серијата „Walker Texas Ranger“, а години потоа имаше бројни шеги на сметка на неговата сила и непобедливост.

Актерот никогаш не ја криел близината со неговата мајка која неодамна го прослави својот 100-ти роденден. По тој повод, тој објави фотографија на која позира со неговата мајка Вилма.

Мајка ми, Вилма Норис Најт, наполни 100 години. Те сакам, мамо! Среќен 100-ти роденден! Ти благодарам што му помагаш на Бог да ми даде сè што можам и треба да бидам“, напиша Чак.

Вилма Норис Најт пораснала за време на Големата депресија и на 16-годишна возраст се омажила за таткото на Чак, од кого се развела поради неговата пасија кон алкохолизмот.

Чак, кој бил сиромашен како дете, сега ужива во своето богатство, кое го дели со неговата втора сопруга, нивните пет деца и 13 внуци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот