Цените на нафтата скокнаа на највисоко ниво во последните 13 години, рушејќи ги европските берзи

Нафта / Илустративна фотографија - СП. архива

Цените на акциите на Европските берзи паднаа по веста дека САД и европските сојузници размислуваат за забрана за увоз на руска нафта, зголемување на цената на нафтата на највисоките нивоа во последните 13 години и закана за глобална стагнација – периоди на висока инфлација и ниски стапки на раст.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 остро падна за 3,6 отсто . Најмногу падна банкарскиот сектор, во просек за 7,6 отсто, а најголем раст бележи секторот основни ресурси (нафта и гас) од 2,6 отсто.

Истовремено, лондонскиот Ftse индекс потона за 2,52 отсто, на 6.811 поени, франкфуртски DAX 4,98 отсто на 12.442 поени, париски CAC 4,44 отсто на 5.792 поени, а италијанскиот FTSE MIB 5,57 отсто, на 21.212 поени.

Минатата недела, цените на нафтата скокнаа за 7 отсто, на највисокото ниво од март 2020 година и продолжија во понеделник наутро со понатамошен силен пораст.

Американските и европските партнери размислуваат за забрана за увоз на руска нафта, изјави во неделата американскиот државен секретар Антони Блинкен. И покрај тоа што се нагласува важноста на стабилноста на глобалното снабдување со нафта, цените на барелот дополнително нагло пораснаа утринава , откако скокнаа за повеќе од 20 отсто минатата недела и го достигнаа своето највисоко ниво во повеќе од 10 години.

На лондонскиот пазар цената на барелот утринава порасна за повеќе од 8,5 отсто, на 128,30 долари, а во еден момент достигна и 130 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 7,7 отсто на 124,60 долари.

Ваквиот потег може да предизвика стагфлација во глобалната економија, период на бавен економски раст и висока невработеност, придружена со силна инфлација.

Имено, скокот на цените на енергијата ќе делува како дополнителен данок за потрошувачите, велат аналитичарите, а тоа може да ја намали потрошувачката на домаќинствата и да му наштети на растот на светската економија.

„Ако Западот го прекине најголемиот дел од рускиот извоз на енергија, тоа би било голем удар за светските пазари. Загубата од 5 милиони барели нафта на Русија може да ја зголеми цената на барелот до 200 долари и да го намали растот на глобалната економија “, објаснуваат економистите.

Русија во меѓувреме продолжи да ги напаѓа украинските градови и се обидува да го опколи главниот град Киев.

И на азиските берзи, цените на акциите нагло паднаа во понеделник, бидејќи руските воени напади врз украинските градови продолжуваат, а стравувањата од нарушување на испораката на нафта од Русија се зголемуваат.

Токискиот индекс Никеи падна за 2,94 отсто во понеделникот, на 25.221 поен.

ВИДЕО | Проф. д-р Јовановиќ: Можна е стагфлација! Потребен е стимул од страна на монетарната политика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот