Цената на златото со благ раст поради монетарната политика на ФЕД

Злато / Фото: Архива на Слободен печат

Цената на златото утрово благо порасна поради очекувањата дека ФЕД нема нагло да ја заостри монетарната политика и покрај високата инфлација, покажуваат податоците за трговијата.

Во 7.41 часот цената на февруарските фјучерси на златото на Њујоршката берза порасна за 0,18 отсто или 3,25 долари на 1819,8 долари за троја унца. Мартовските фјучерси на среброто се зголемија за 0,48 отсто на 23.027 долари за унца.

Вниманието на инвеститорите е насочено кон понатамошните активности на ФЕД, кој најверојатно ќе ја зголеми основната каматна стапка на следниот состанок.

Според аналитичарите на TD Securities, цитирани од Волстрит џурнал, неодамнешната изјава на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, е сигнал дека каматните стапки може благо да се зголемат. Ова значи дека благородниот метал има можност за поскапување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот