Бура во Словенија: Бунт на младите репрезентативци, селекторот ги малтретирал

фото: Твитер

Голем скандал го потресе словенечкиот фудбал бидејќи младите репрезентативци се побунија против селекторот.

Како што пренесеуваат словенечките медиуми, членовите на репрезентацијата до 21 година се сакаат да одговорат на повикот на селекторот Примож Глиха и не сакаат да работат повеќе со него.

Фудбалската федерација на Словенија потврди дека постојат проблеми како и дека замерките на младите фудбалери сериозно ги сфаќаат.

Претходно во Федерацијата пристигна протестно писмо од фудбалерите кое е упатено до директорот на репрезентацијата Миран Павлин и секретарот Мартин Кожељ, а во него се пишува за проблематичното однесување на селекторот, невообичаениот систем на работа како и навредите кои ги добивале играчите.

Фудбалерите се жалат на тоа дека Глиха ги навредува без причина, дека ги тера тренинзите да започнат без загревање и дека не се работи никаква анализа на противниците.

Селекторот Глиха исто така им забрани на играчите да спијат за време на патувањата, а не им дозволено ниту да ги прославуваат головите.

Уште една неверојатна работа на која Глиха инсистира е репрезентативците да спијат без да ги заклучуваат вратите на хотелот, а се жалат дека не им дозволува ниту да имаат редовни оброци. Така против Унгарија морале да играат само со еден оброк кој го имале тој ден.

Исто така селекторот им ги одземал и мобилните телефони и наредил со фолија да се покријат телевизорите во хотелските соби, а барал и да има универзален клуч за да може да ги отвори доколку некој случајно се заклучи. Исто така им забранил играње на друштвени играчи доколку не се игра во пари.
Чашката се прелила кога Глиха во алкохолизирана состојба им објавил на младите репрезентативци дека еден член на стручниот штаб е позитивен на коронавирус.
Исто така го остранил од репрезентацијата капитенот Млакар бидејќи одбил да го предаде својот мобилен телефон.

Глиха е поранешен фудбалер на Олимпија, Динамо, Љубљана, Мура, а селектор на младата репрезентација е од 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот