Бугарската политичка партија „Има таков народ” нема да поддржи влада од трет мандат

Бугарска политичка партија „Има таков народ“ фото МИА

Бугарската политичка партија што доби најмногу галсови на последните избори, „Има таков народ” (ИТН) нема да поддржи влада со трет мандат. Ова го кажа во изјава за БНР, лидерот на партијата Слави Трифонов.

На прашањето дали е можно ИТН да ја поддржи оваа влада во третиот мандат на која било политичка сила, Трифонов рече: „Кога ме видовте да кажам едно, а потоа да направам нешто друго?

– Мислам дека дадовме се од себе со мандатот „Има таков народ” да имаме влада, постигнавме договор за скоро сите точки, и тие имаа можност да дејствуваат чесно и национално одговорно, и да не поддржат, а ние да имаме влада; сега не гледам зошто треба да е спротивно, рече Трифонов.

– Дури и ако претседателот побара поддршка за влада предложена со трет мандат, ИТН нема да ја поддржи, истакна тој.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот