Бугарска пејачка и учесничка во Големиот Брат обвинета за проневера на пари

Фото: Принтскрин

Бугарското специјално обвинителство отвори обвинение против пејачката Лилијана Дејанова, попозната како ЛиЛана (34), како и против уште четири лица поради сомнение дека се вмешани во организирана криминална група, која проневерила пари од фондовите на Европската Унија.

Според информации блиски до бугарската телевизија бТВ, и братот на пејачката, битбоксерот, Skiller, исто така е меѓу обвинетите.

Во рамките со пронајдените докази, постојат сомненија дека групата делувала од 2016 година. Во прашање се неколку компании кои ги контролирала ЛиЛана, а кои добиле средства од фондови на ЕУ по Оперативна програма за иновација и конкурентност.

Тие се уапсени во операција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за националната безбедност. Полицијата запленила сервери, компјутери и други докази за криминална активност.

Тројца од приведените ќе бидат задржани во полицијата во следните 72 часа, додека двајца се пуштени со кауција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот