Бугарија касно почна да дискутира на темата Северна Македонија, тврди поранешниот бугарски претседател Стојанов

Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов/ Фото EPA PHOTO EPA/SERGEI CHIRIKOV

Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов за БНТ ги коментираше односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Според Стојанов, Бугарија многу доцна – пред две години се сетила да разговара на темата Северна Македонија.

Бугарија, за жал, како што вели Стојанов, низ годините не била особено добар пример.

Стојанов е дециден дека Македонија и Албанија имаат да изодат долг пат кон Европската унија, а Бугарија е далеку од тоа да биде пречка за Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европа.

Сепак, според Петар Стојанов, предизвиците денес се нови.

Петар Стојанов беше претседател на Бугарија од 1997 до 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот