Буфон по стапките на уште една голманска легенда, кариерата ќе ја заврши во португалскиот гигант

фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Италијанецот може да го следи примерот на Икер Касиљас и последните денови од кариерата да ги помине во Порто.

Џанлуиџи Буфон по завршување на сезоната сигурно ќе го напушти Јувентус, сметаат италијанските медиуми. Еден од најдобрите голмани во историјата не сака да оди во пензија, тој планира да игра уште две години пред да се повлече.
Весникот „Газета дело Спорт“ пишува дека сериозен интерес за 43-годишниот Џанлуиџи Буфон пројавува португалскиот Порто. Интересно е што кариерата во Порто ја заврши најдобриот шпански голман Икер Касиљас.

Се очекува Буфон од Јувентус да се прости на финалето во Купот на Италија против Аталанта кое ќе се игра во мај.
– Во главата го имам датумот на крајот на кариерата. Тоа е јуни 2023 година. Сепак, постои можност кариерата да ја завршам и оваа сезона – изјави неодамна Буфон.
Буфон голот на Јувентус го бранеше на 681 гол, во кариерата има брането за уште два тима, Парма и ПСЖ. Во дресот на италијанската репрезентација настапи на 178 натпревари, а во 2006 година триумфира на СП 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот