Бучковски: Зачуден сум од изјавите на Димитров, непотребно ги загрози нашите позиции

Фото: принсткрин

Доскорешниот специјален претставник на Владата во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека бил изненаден од нападот на поранешниот вицепремиер Никола Димитров кон Бујар Османи, а тоа, според Бучковски, било непотребно пред почнувањето на новата фаза од дијалогот со Бугарија.

„Неговите изјави ме изненадија и сум прилично зачуден. Непотребно ги загрози нашите позиции во однос на Бугарија. Станува збор за искусен политичар и малце тоа беше неочекувано од негова страна“, рече Бучковски во гостувањето на емисијата „24 анализа“

Според него, новите преговори помеѓу Скопје и Софија водат кон придвижување и кон враќање на довербата.

– Идеален рок за првите очекувања ќе бидат во првите трите месеци, а за мене е важно кој сè ќе влезе во тие групи. Проблемите не се само политички, двете општества се реално оддалечени едно од друго многу повеќе отколку пред година и пол. Но, за само една недела се направи многу повеќе отколку што се направи за една година. Во Бугарија има една критичка јавност која не е превладувачка, но која прави реални анализи. Доминира повеќе говорот на омраза кај бугарските политичари – рече Бучковски.

Тој смета дека не треба да се брза со работата на мешовитата историска Комисија.

– Нема потреба од форсирање и од брзање Таму повеќе работи се случуваат меѓу двете заседанија на Комисијата. Таму постојано се разменуваат автентични документи и мислења, врз основа на кои треба да се постигнат резултати – додаде Бучковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот