Брз и вкусен ручек: Шпагети во бел сос со сланина

Уште една фантастична комбинација на сос, која секако одговара со сите видови на тестенини, направете ја и уживајте во вкусот.

Потребни состојки:

– 300 гр. шпагети

– 100 гр. сланина

– 150 гр. сирење

– 250 мл. павлака за готвење

– 1/4 лажичка црн бибер

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете вода со мешан сув зеленчук. Кога водата ќе врие ставете ги шпагетите и оставете да се сварат по ваш вкус.

Во нелеплива тава на тивок оган ставете ја исецкана сланина да се пржи. Доколку можете, одберете помесната сланина зошто е поубав вкусот.

Кога ќе се запржи, ставете го издробеното сирење и оставете минута до две заедно да се испржат. За сирењето најдобро е да е тврдо и солено.

Полека истурајте ја павлаката за готвење и мешајте постојано додека не ја добие потребната густина.

Сварените и исцедени шпагети ставете ги во чинија за служење и врз нив ставете од сосот.

Можете да додадете зачини по желба, но внимавајте со поинтензивните мириси да не го смените основниот вкус на сосот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот