Поради влошено здравје: Брус Спрингстин ги одложи сите настапи во септември

Брус Спрингстин на концертот во Амстердам, Холандија / Фото: EPA-EFE/PAUL BERGEN

Пејачот Брус Спрингстин ги одложи сите свои настапи во септември поради влошено здравје, односно проблеми со чир на желудникот.

Веста е објавена на официјалните профили на пејачот, каде се вели дека лекарите го советувале да направи пауза од еден месец за да се фокусира на своето здравје.

„Овде, на улицата ‘Е’, сме скршени поради тоа што мораме да ги одложиме овие концерти. Прво, им се извинуваме на нашите прекрасни фанови во Филаделфија, каде ги одложивме концертите пред неколку недели. Ќе се вратиме за да ги одржиме тие настапи, па потоа и уште некои други. Ви благодариме за вашето разбирање и поддршка. Многу се забавувавме на нашите шоуа во САД и со нетрпение очекуваме да си поминеме така и во иднина. Ќе се вратиме наскоро“, напиша Спрингстин во својата изјава.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Објавата доаѓа неколку недели откако пејачот откажа два концерти во Филаделфија поради „неоткриена болест“.

Одложените концерти ги вклучуваат Сиракјус, Њујорк, (7 септември); Балтимор, Мериленд, (9 септември); Питсбург, Пенсилванија, (12 и 14 септември); Анкасвил, Конектикат, (16 септември); Олбани, Њујорк, (19 септември); Колумбус, Охајо, (21 септември); и Вашингтон (29 септември).

ВИДЕО | Брус Спрингстин падна на сцената и ги преплаши обожавателите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот