Брозовиќ и Перишиќ го спасија Интер од срам на „Џузепе Меаца“(ВИДЕО)

epa08789692 Inter's Ivan Perisic (R) scores with a header the 2-2 goal during the Italian Serie A soccer match FC Inter vs Parma Calcio at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 31 October 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во натпреварот од шестото коло во Серија А, Интер во последните моменти од средбата успеа да доје до бод против Парма играјќи 2:2.

„Нерозѕурите“ на овој натпревар играа без својот најдобар стрелец Ромелу Лукаку и тоа се почувствува во играта.
Неговото место во нападот го зазеде Иван Перишиќ кој постигна гол, но се чувствуваше отсуството на Лукаку.

Домашните фудбалери доминираа во првото полувреме, имаа 62% од поседот на топката, шест пати шутираа кон голот на Парма, но немаше играч како Лукаку да постигне гол. Од друга страна, фудбалерите на Парма се одлучија да се бранат и првиот шут кон голот на Интер го упатија на стартот од второто полувреме кога и Жервињо го совлада голманот на Интер, Хандановиќ.

Истиот фудбалер во 62. минута ја зголемува предноста на Парма на 0:2. Интер само две минути подоцна преку Брозовиќ намали на 1:2, а Иван Перишиќ со голот во 92. минута го спаси Интер од пораз.
Аталанта благодарение на головите на Луис Муриел го совлада Кротоне со 1:2 и се искачи на второто место на табелата со 12 бода, еден помалку од лидерот Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот