Брнабиќ вели дека веста за забраната за влез на српски претставници во Косово е лажна - Слободен печат
ВестиРегион

Брнабиќ вели дека веста за забраната за влез на српски претставници во Косово е лажна

Како што пренесуваат српските медиуми, веста вчера најпрво била објавена од косовски портали.

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај и кажал оти веста дека на српските официјални претставници им е забранет влез во Косово била лажна.

Како што пренесуваат српските медиуми, веста вчера најпрво била објавена од косовски портали и во неа било наведено дека Јетљир Зуберај, советникот на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, на „Фејсбук“ напишал дека косовското МНР ја донело таквата одлука поради закани и напади на Северот, како и други проблеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close