Косово им забрани влез на сите српски официјални претставници

Официјални лица од Министерството за надворешни работи на Косово, најавија дека нема да му дозволат на ниту еден официјален претставник од Белград да го посети Косово и дека таквите барања ќе бидат одбиени додека Белград не го смени однесувањето, јавува Клан Косова.

Веста ја објави политичкиот совентик на министерот за надворешни работи на Косово, Јетлир Зиберај.

„Поради хибридните закани кои Србија ги прави кон Косово, постојаната пропаганда и лажните вести за земјата и нашите граѓани како и неодамнешните обиди за прикажување на таканаречена хуманитарна криза во српските општини на Косово, заканувајќи се на српското население кое живее таму и принудувајќи ги да ги затворат своите бизниси само поради некои политички цели на Белград, Министерството за надворешни работи нема да му дозволи на ниту еден официјален претставник од Белград да го посети Косово и сите барања ќе бидат одбиени сé додека трае таквото однесување“, напишал Зиберај на Фејсбук.

Потсетуваме дека во српските општини на северот, прехранбени артикли од вчера биле „пуштени“ да пристигнат во тамошните продавници од Србија и Босна и Херцеговина.

Два дена беа под клуч, погледнете како изгледаат денеска продавниците во северно Косово (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот