„Бритиш ервејз“ ги прекина сите летови кон и од Кина

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN
„Бритиш Ервејз” (British Airways) ги прекина сите директни летови до и од континентална Кина, откако здравствените власти на Велика Британија предупредија за опасноста од епидемијата на коронавирус, пренесоа британските медиуми.

Од официјалниот сајт на авиокомпанијата се дознава дека во јануари и февруари нема да има директни летови до Кина.

„Се извинуваме за предизвиканите проблеми, но безбедноста на нашите клиенти и екипажи секогаш е наш приоритет”, соопштија од авиокомпанијата. „Оние кои ќе патуваат до или од Кина во следните денови можат да најдат повеќе информации на нашиот сајт”, додаде компанијата.

Велика Британија ги советуваше своите државјани да не патуваат до континентална Кина, освен ако тоа навистина не им е неизбежно, поради коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот