Британските медиуми предупредуваат: Во фабрика за нуклеарен отпад може да се случи катастрофа поголема од чернобилската

Медиумите ширум Велика Британија предупредуваат дека во Камбрија, каде постои фабриката за нуклеарен отпас „Селафилд“, би можела да се случи катсстрофа полоша од онаа во Чернобил.

Британскиот весник „Сан“ објави дека во изминатите две години имало дури 25 случаи на т.н. пробивање на безбедноста.

Во групата згради опкружени со жичана ограда, долга шест километри, се наоѓа магацин со 140 тони плутониум. Тука се работи со радиоактивен отпад, кој го создаваат британски активни реактори.

Фабриката во Камбрија се смета за најопасно место во Европа. Џенин Смит од групата „Камбријци против радиоактивно опкружување“ изјави дека локалните жители живеат во страв од сериозен инцидент.

– Едно пробивање на безбедноста е премногу. Не треба да биде ниту едно. Само една грешка може да биде катастрофална  -вели Смит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот