Британските лекари предупредуваат: Зимава може 60.000 луѓе да умрат од грип

Фото: mia.mk

Дури 60.000 луѓе во Британија би можеле да умрат од грип претстојната зима затоа што здравствениот систем повеќе нема да може да го издржи оптоварувањето, пишува Ивнинг стандард. Експертите предупредуваат дека мора да се направат подготовки.

Според најновите извештаи комбинацијата од ковид-19, грип и респираторни вируси може да предизвика сериозно оптоварување на болничкиот систем.

Научниците велат дека оние кои ќе се разболат од грип треба да се самоизолираат за да спречат ширење и на оваа болест со што ќе им олеснат на лекарите.

Не е познато какви ќе бидат реакциите на сезонскиот грип зимава со оглед на тоа што тој минатата зима беше потиснат поради мерките за ограничување воведени за да се спречи ширењето на ковид.

Дел од експертите стравуваат дека ова значи оти е опаднат имунитетот на популацијата, а виролозите предупредуваат дека грипот бргу ќе се прошири со укинувањето или олабавувањето на мерките за спречување социјализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот