Британски модни награди: Никол ги откри градите, а Донатела ги покажа рацете без фотошоп! (ФОТО)

Instagram
Instagram

Вчера вечер во Лондон се собраа голем број познати личности и ѕвезди за да присуствуваат на British Fashion Awards во Royal Albert Hall, каде што се слават најдобрите таленти од модната индустрија.

Profimedia

Наградите за животно достигнување ги добија дизајнерот Џорџо Армани (85) и моделот Наоми Кемпбел (49) која е прогласена за модна икона. 

Титулата најдобра ја доби и Ријана (31) за својот бренд Fenty. За помалку од една година по започнувањето на брендот, ја доби наградата Urban Luxe Award.

Пејачката прошета на црвениот тепих во впечатлива минт-зелена креација од својот бренд.

Актерката Џулија Робертс (52) на доделувањето пристигна во црн комбинезон со кристали и длабоко деколте.

Пејачката Никол Шерцингер (41) исто така одбра длабоко деколте со кое ги откри своите гради.

Profimedia

Модната дизајнерка Донатела Версаче (64) се појави во припиен фустан од својот бренд. Многу модни стручњаци искоментираа дека не ласка на нејзините години, бидејќи ги открива нејзините „недостатоци“.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот