Британска дипломатка во САД даде оставка: Не сакам веќе да пренесувам „полувистини“ за Брегизт

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Високо позиционирана британска дипломатка во САД даде оставка поради односот на британската влада со Брегзит, велејќи дека не може повеќе да ги пропагира „полувистините“ на политичките лидери на кои повеќе не им верува, пренесува Си-Ен-Ен.

Александра Хол, главната дипломатка за Брегзит во британската амбасада во Вашингтон, во своите писмо за оставка напиша дека е „згрозена“ од барањата во јавноста да претставува информации за Брегизт кои не се „потполно искрени“, пишува американскиот медиум.

Немањето волја на британските челници искрено да ја информираат јавноста за Брегизт, вели Хол, ја намалила веродостојноста на британските дипломати во странство. Во писмото предадено на 3 декември таа пишува дека поради тоа нејзината позиција станала „особено неподнослива“ и „професионално неодржлива“.

Хол додала дека нејзината оставка нема никаква врска со тоа дали лично е „за или против Брегизт“, туку поради фрустрациите со начинот на спроведување на политиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот