Британија е на тест кој НЕ МОЖЕ ДА ГО ПОЛОЖИ

Со барањето да најде замена за решението за ирската граница или т.н. „бекстоп“, Европската Унија ја стави Велика Британија на тест кој не може да го положи, рече министерот за Брегзит, Стивен Баркли, објави српски „Блиц“.

Тој смета дека неговата земја треба да добие рок од најмалку една година да го реши спорнот прашање околу границата со Северна Ирска.

Утрово Даунинг стрит одби да најде алтернатива за „бекстопот“ во својот план за Брегизт во рокот од две недели кој го зададе Европа, и порача дека тоа е „вештачки рок“.

Портпаролот на британската влада изјави дека не го признаваат заедничкото барање на лидерот на Франција и Финска, Емануел Макрон и Анти Рине, во кои двата европски лидери побараа до крајот на септември да најдат решение, и дека ќе излезат со цврсти предлози кога премиерот Борис Џонсон ќе биде подготвен за тоа.

– Кажано ни е дека имаме две недели да најдеме решение, но алтернативата за „бекстоп“ не е неопходна до крајот за извршување, што е декември 2020 година. Зошто сега да ризикуваме непосакуван резултат кога двете страни можат да работат заеднички до крајот на следната година – истнакна Баркли.

Министерот предупреди дека решението ќе зависи од идните односи, кои допрва треба да се утврдат.

Официјалните лица на ЕУ стравуваат дека британските преговарачи одат по „околниот пат“, бидејќи досега често преговараa во Брисел, но со малку напредок.

Декември 2020 година кој го спомена Баркли е крајот на преодниот рок за кој преговараше поранешната премиерка Тереза Меј. Меѓутоа, ЕУ константно повторува дека без предлог за „бекстопт“ не може да има преоден период, како и дека без „бекстоп“ не може да има договор за Брегзит.

Со оваа изјава Баркли всушност бара ЕУ да отстапи барањата „бекстопот“ да биде предуслов за договор и да и дозволи на Британија да има преоден период без план за „бекстоп“.

Преодниот приод може да се продолжи за две години и декември 2020 со договор меѓу ЕУ и Британија, но Џонсон експлицитно наведува дека нема намера тоа да го направи.

Европската Унија сака договор со кој ќе се осигура непречена трговија на ирскиот остров за да се одржи непроменетиот статус, додека Британија изнесува план според кој ќе има неопходна проверка на некоја стока. Британија предлага Северна Ирска да остане во европските правила за храна и земјоделски производи, а во спротива да се се воспостават две регулаторни зони на ирскиот остров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот