Брестовац: Честитки до ракометарите, освоивме три бода со Исланд

фото: РФМ

Селекторот Данило Брестовац е задоволен од прикажаното на двата натпревари со Исланд но истовремено жали што беше пропуштена шанса повторно да се победи силниот противник, овој пат пред домашната публика.

– Одигравме два исцрпувачки меча во пет дена и јас можам само да им честитам на ракометарите. Ова не е бод, ова се три бода од двомечот со Исланд. Многу важни бодови за нас, зашто практично со нив се пласиравме на ЕП. Ако видиме во каква состојба бевме пред овој двомеч, па дури размислувавме дали ќе го фатиме и тоа трето место за пласман, а каде сме сега. Публиката беше наш играч плус, но ме радува тоа што бевме во дефицит, па двапати се враќавме во мечот, а имавме можност и да победиме. Нема што да им приговорам на момците – вели Брестовац.

Селекторот е свесен дека има уште два натпревари до крајот на квалификациите и на тие мора да се издвојува победа. Првиот предизвик е гостинскиот натпревар со Турција, а во последното коло ја пречекуваме Грција.

– Со две победи, со Турција на гости и со Грција на домашен терен нашата амбиција е секако да завршиме на првото место во групата – потенцира селекторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот