Брестовац: „Шкрипи“ нападот, имаме слаба реализација!

фото: ehf-euro/Uros Hocevar / kolektiffimages

Стратегот на македонската национална селекција вели дека само победа е во мислите на неговите најдобри ракометари на последниот натпревар во Виена.

Пред почетокот на Европското првенство, селекторот Данило Брестовац повеќе забелешки имаше кон одбраната, но сега после двете кола во групата „Б“, нападот не функционира најдобро.

За пласман во главната фаза, на Македонија и е потребна победа од два гола разлика над Австрија во последното коло.

– Подготовката е иста, одиме на победа, поразот со Чешка веќе е архивиран, и сите сме насочени што подобро да се подготвиме за следниот натпревар. Имаме време, имаме можности, имаме квалитетни одбранбени играчи, кои, иако стравуваме на почетокот на првенството дека одбраната ќе ни биде проблем, но и јас сум тој што повеќе посветува внимание на одбраната и повеќе состаноци имаме со нив, можам да кажам дека повеќе ми „шкрипи” во нападот, отколку во одбраната. Повеќе ни „шкрипи“ во таа одбрана „6 на 5“, имаме помала креативност на самите играчи, имаме слаба реализација, имаме слаба поставеност – рече Брестовац.

Претходно вакви проблеми немала Македонија, стратегот на „црвено-жолтите“ дека нема доволно време да се променат нештата, но нема намера да се откаже од позитивен резултат на дуелот во вторник против Австријците.

– Сепак имаме уште еден меч, имаме сила, имаме можност, имаме играчи, имаме уште двајца играчи кои можат да влезат во ротација. Мишевски е во одбрана, Танковски е во напад, може да биде корисен. Кратко е ЕП за да можеме да најдеме уште еден млад играч кој би бил четврти играч за таа ротација Талески и Кузмановски, доколку не им тргне – додаде Брестовац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот