БРЕГЗИТ: Ова е последна шанса, предупредува премиерката Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека парламентот ќе добие можност да гласа дали да биде одржан нов референдум за излез на Британија од Европската Унија.

Таа и натаму се обидува да ги убеди пратениците, меѓу кои и оние од нејзината партија да го прифатат договорот што таа го постигна со првите луѓе на ЕУ за Брегзит.

„Поголемиот дел од пратениците тврдат дека сакаат да ги спроведат во дело добрите резултати од референдумот. Верувам дека е ова последна шнаса за тоа“, рече премиерката во парламентот.

„Ова е нова понуда да најдеме заеднички јазик во парламентот. Ова е единствен начин да го спроведеме Брегзит“, додаде таа.

[ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот