Бразил ќе добие 150 милиони вакцини Спутник до крајот на 2021 година

EPA
Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Бразил ќе добие 150 милиони дози вакцина Спутник V до крајот на годината, откако регулаторното тело одобри употреба на руската вакцина, изјави Рожерио Росо, директор за меѓународни работи на фармацевтската компанија Унијао Квимика, партнер на Рускиот инвестициски фонд.

– Оваа година ќе можеме да му обезбедиме на Бразил 150 милиони дози вакцина Спутник V, кои ќе бидат направени во нашата земја, но исто така и во Русија. Многу земји во Бразил ја претпочитаат руската вакцина поради нејзината ефикасност и безбедност, изјави Росо за агенцијата ТАСС.

Тој додаде дека Здравствениот регулатор ќе ја заврши третата фаза од клиничкото испитување на руската вакцина во Бразил за 45 до 60 дена, но вакцината може да биде одобрена за итна употреба во наредните денови.

Според договорот со Русија, Унијао Квимика ќе може да го извезува Спутник V во другите земји на Латинска Америка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот