Братот на Новак Ѓоковиќ ја „ќари“ една од најатрактивните српски пејачки (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ е наводно со една од најсексапилните српски пејачки, Теодора Џехверовиќ.

Според извори на парот, тие се заедно веќе четири месеци, но тоа го кријат од јавноста. Само им кажале на најблиските пријатели за врската, па Новак Ѓоковиќ сè уште не ја запознал својата нова снаа.

– Ѓоле и Теодора се запознале преку заеднички пријател на ручек во Белград и веднаш полетале искри. Размениле телефонски броеви, почнале да комуницираат и наскоро се ‘смувале’. Тие се заедно веќе четири месеци, но сè уште не сакаат да се претстават во јавност како двојка. Се обидуваат да не излегуваат заедно, туку да се видат во тајност во станот на Ѓорѓе во Нов Белград. Се согласија да ја кријат врската сè додека не стане сериозна, меѓудругото и затоа што не сакаат медиумите и папараците постојано да им бидат зад петици – вели добро информиран извор за српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by ᏆᎬᎾᎠᎾᏒᎪ (@teodoradzehverovic) on


– Велат дека имаат убав однос и слични интереси. Тие, исто така, започнаа да планираат заеднички одмор во текот на летото, сакаат да видат колку ќе се зближат кога не се разделуваат ниту за момент  на две недели. Ако се оди добро, на есен ќе започнат да живеат заедно во станот на Ѓорѓе – вели соговорникот.

 

View this post on Instagram

 

jos samo ova slika i vadim prst iz usta ?

A post shared by ᏆᎬᎾᎠᎾᏒᎪ (@teodoradzehverovic) on


За разлика од неговата последна девојка Тијана Ралиќ, со која помина четири години и која веднаш ја запозна со семејството, Ѓорѓе сè уште не ја запознал Теодора со својата мајка Дијана, таткото Срѓан, браќата Новак и Марко, како и снаата Јелена. Најверојатно сите ќе се соберат на заеднички ручек пред Ѓорѓе и Теодора да заминат на море, истакнал соговорникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот