Босанец со нож повредил тројца полицајци во Њујорк: Постојат сомненија дека се работи за Исламистички тероризам

Полиција во САД/Фото: Профимедиа

По напад со нож на полицијата во Бруклин, тамошната полиција тешко повредила 20-годишен маж, а според тамошните информации станува збор за Џенан Чамовиќ, со потекло од БиХ.

Тој е осомничен дека без предупредување повредил полицаец со нож во врат, а како што пренесуваат тамошните медиуми, Џенан повредил и уште двајца полицајци.

Потоа полицијата испукала дури 22 куршуми во негов правец, од кои, според пишувањата на њујоршките медиуми, осум завршиле во него.

Во податоците стои дека тој од претходно немал криминално досие, но не е исклучена можноста за поврзаност со ИСИС или други терористички групи, пренесува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот