Борусија во Ајакс најде фантастична замена за Халанд

Себастијан Алер/фото: EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд летово остана без Ерлинг Халанд кој се пресели во Манчестер сити,  но успеа да најде пеколни замени за Норвежанецот.

Борусија за 30 милиони евра го донесе од Салцбург, германскиот репрезентативец Карим Адејеми, а сега се наоѓа и пред трансфер на Себастијан Халер од Ајакс.

Холандските медиуми пишуваат дека Ајакс добил понуда од Борусија за Халер која нема да може да ја одбие, 33 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Халер пред 18 месеци пристигна во Ајакс од Вест Хем во трансфер вреден 22.5 милиони евра и одигра фантастично под палката на Ерик тен Хаг постигнувајќи 47 гола и имаше 16 асистенции на 65 натпревари.

Себастијан Халер има искуство од настапи во Бундеслигата, тој настапуваше за екипата на Ајнтрахт Франкфурт и на 77 натпревари имаше учинок од 33 гола и 19 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот