БОРКО: Максимално ќе се посветам за афирмација на македонскиот спорт!
Голманот на македонската сениорска ракометна репрезентација, Борко Ристовски ќе биде дел од стратешкиот тим на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во областа на спортот.
Тој веќе и се огласи на својата фејсбук страница ветувајќи максимална ангажираност во креирање на политики за афирмацијата на македонскиот спорт.
– Чест, задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Од моја страна, можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт. Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации, клубовите, спортските работници и се разбира спортистите, пренесени од позитивните пракси од европските земји. Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ќе го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење – напиша Ристовски на Фејсбук.